(ВИДЕО) BMW го објави промотивното видео за новите M3 и M4

M дивизијата на BMW на својот YouTube канал го објави промотивното видео за новите генерации на моделите M3 и M4.

Видеото кое е снимено на пристаништето во словенечкиот град Копер, ги потенцира брзинските перформанси на овие два модели истакнувајќи го спортскиот карактер.

Новата генерација на M3 која го носи кодното име G80 M3 беше премиерно претставена на 23 септември годинава. Располага со 3,0 литарски twin-turbo I6 мотор и во комбинација е достапен со шест степен мануелен и осум степен автоматски менувач.

Производството на М4 стартува веќе следниот месец и има идентичен модел. Доаѓа и во купе и кабрио изведба.