В.Британија запира со субвенциите за автомобили на струја над 40.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Една од предностите на електричните автомобили  на струја во повеќе земји се намалените даноци, такси и субвенции, кои државата ги дава при купувањето на истите. Во Велика Британија, секој граѓанин, што ќе купи електромобил добива по 3.000 фунти од државата или така беше до вчера.

Одделот за транспорт во Велика Британија, објави дека автомобилите над 35.000 фунти веќе нема да подлежат на субвенции од државата, а оние под оваа сума е добиваат по 2.500 фунти (2.921 евра), што е за 500 фунти (584 евра) помалку од досегашните. Тоа има за цел да се насочи кон барањето на поевтини и подостапни електрични автомобили.

За споредба, моделите кои се нудат по пазарна цена под 35.000 фунти (40.916 евра) се зголемиле за близу 50% во споредба со 2019 година и заземаат половина од пазарот за електромобили.

Таква на пример е Hyundаi Kоnа, но, сепак, и попопуларните автомобили како Tеslа Mоdеl 3, Fоrd Mustаng Mасh-Е и Аudi Е-Trоn и други држат доста висока цена и нема да подлежат на помош од државата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK