Уште една компанија за изнајмување возила пред банкрот – возилата завршија на отпад (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Очигледно после неодамнешниот бран на раст на сите видови на услуги за споделување на автомобили во периодот на пандемијата дојде нов период на „пандемија“. И сè повеќе и повеќе вести почнаа да се појавуваат донесувајќи информации дека овој или оној проект се затвора.

Последната таква информација е од американскиот град Индијанаполис. Таму, после пет години постоење, компанијата за наем на автомобили BluеIndy бeшe затворена. За потсетување во 2015 година појавата на BluеIndy бeшe перцепирана како револуција.

Тогаш компанијата доби субвенции од градот и почна да гради точки за полнење на автомобили. И покрај тоа, после пет години програмата BluеIndy имаше само 3.000 членови, што очигледно не е достапно за профитабилен бизнис. Вкупно во проектот се инвестирани околу 50 милиони долари.

Што ќе се случи со 280-те електрични превозни средства на компанијата? Дел од нив ќе бидат предадени на друга компанија за наем на автомобили, која се наоѓа во Лос Анџелес. Сепак, поголем дел од нив ќе бидат едноставно уништени. Веќе некои од автомобилите се наоѓаат во отпад.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK