Турција имаше успешен тест на првиот летечки автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Првото самостојно летачко возило на Турција наречено „Cezeri“ е успешно тестирано во Истанбул. За дизајнот и производството заслужни се турските инженери, а „Cezeri“ во текот на тестирањето на летот на прототипот од 230 килограми полета на висина од десет метри.

„Во следниот процес ќе направиме напреди прототипови. Ќе извршиме летови и со луѓе“, вели Селчук Бајрактар, еден од челниците на компанијата.

Бајрактар навел дека ќе требаат од 10 до 15 години за „Cezeri“ да се најде на улиците, а три до четири години за да биде во рекреативна употреба во рурални средини.

„После паметните автомобили, револуција во автомобилска индустрија ќе биде летечкиот автомобил. Од ова гледиште се подготвуваме за утрешната трка, не за денешната“, додава Бајрактар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK