Цена на луксузот: Вреди ли маската за Aston Martin 34.500 евра? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Цената за која можете да ја добиете маската за Aston Martin е неверојатна и изнесува 34.500 евра, а за истата се добиваат и мали декоративни делови со истиот примерок со странични светла. Изработката на оваа посебна алуминиумска решетка бара, ни помалку ни повеќе туку 3.000 работни часови.

Aston Martin Vanquish Zagato Volante без сомнеж е еден од најекслузивните и најубави модерни егзотични кабриолети. Освен што е прекрасен, под хаубата има вистинско ремек-дело, 5,9-литарски мотор V12 со 600 коњски сили.

Ваков масивен мотор има потреба од голема количина на свеж воздух, но ваков посебен автомобил не може да има само обична пластична решетка во предниот браник. Потребно е нешто еднакво посебно, а Aston Мartin ќе биде среќен да може да ви понуди посебна предна решетка по цена за која можете да купите уште еден нов автомобил. Неверојатни 34.500 евра.

Станува збор за парче алуминиум, кое се добива со доплата и ја заменува стандардната црна решетка на предната маска, а со неа во пакет идат и мали декоративни делови со ист примерок со страничните светла.

Изработката на овие посебни алуминиумски решетки имаат потреба, ни помалку ни повеќе туку од 3.000 работни часови. Тоа се три детали на надворешниот дел, кои немаат значајни аеродинамички функции.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK