Toyota продолжува да вложува во водородните електромобили

ОБЈАВЕНО НА:

Во последно време сè почести се информациите околу зголемувањето на продажбата на водородни електромобили. Актуелната бројка од 3.000 возила во една година би требало да се зголеми до минимум 30.000 годишно во 2020 година.

Плановите на поголемите автомобилски компании се во таа насока, а од Toyota веќе ги соопштија плановите за сериозно зголемување на производствените можности во два од своите комплекси.

Во првиот од комплексите Honsha Plant во Toyota ќе биде изградена нова линија на водородни клетки, кои ја имаат функцијата на генератор за придвижувачкиот систем на водородните електромобили на брендот. Второто решение ќе биде откриено на територија на фабриката на Тоyота во градот Мијоши, каде ќе биде изградена нова линија на производство на висококвалитетни резервоари за водород направени од јаглеродни нишки.

Од Toyota велат дека веќе стартувале со линијата за производство на водородни резервоари, а новиот комплекс на водородни клетки е завршен и сега се работи на неговото опремување. Плановите на компанијата се двете фабрики да почнат да функционираат на нивото кое е замислено околу 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK