Toyota конечно воведува Android Auto во своите модели

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот јапонскиот производител Toyota конечно попушти и во своите автомобили ќе инсталира Android Auto софтвер наменет за смарт уредите со андроид оперативен систем.

Од јануари годинава Toyota во своите возила започна со инсталација на Apple CarPlay меѓутоа тоа не го направи со Android Auto со изговор дека овој софтвер не ги исполнува потребните барања за безбедност и сигурност на клиентите. Со тоа во изминатиот период автомобилите на Toyota доаѓаа само со Apple CarPlay изоставувајќи го андроидот од својата понуда.

Неколку месеци подоцна Toyota сепак одлучи и Android Auto да биде составен дел од понудата, а првите автомобили со оваа софтверска поддршка ќе бидат испорачан веќе кон крајот на овој месец.

До сега, возачите на Toyota своите паметни андроид уреди можеа да ги интегрираат со фабричкиот мултимедијален систем само со помош на SmartDeviceLink системот развиен од Ford, меѓутоа поради ограничувањата на оваа технологија јапонскиот производител се одлучи сепак да го воведе Android Auto во своите автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK