Toyota i-Road на тест во Берлин (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

За возилото Toyota i-Road со својата должина од 2,35 метри и ширина од 87 сантиметри дури и Smart Fortwo изгледа како навистина голем автомобил. Првпат јапонската машина со лесно паркирање и висок маневар се тестира интензивно во градското секојдневие во Берлин.

Малото возило со две седишта е на погон од два електромотори од типот мотор-тркало со моќност 1.9 кВт /2.6 коњси сили на предните тркала. Toyota ја одреди брзината на елетктромобилчето „до 50 километри“, а батериите се полнат целосно во рамки на три часа од секој штекер дома.

Благодарение на технологијата за подобар контакт при свиоците i-Road го смета маневрирањето на две тркала како предност за малиот автомобил. Досега машината е користена само во Toyota City, Токио и Гренобл, а сега се тестира проектно во берлин од Groth Group, за моќно користење во идниот квартал Нојлихтерфелде.

Медицинската услуга Mediavita  исто така ќе го користи i-Road за возење кон постарите лица, болните и луѓе со инвалидитет во Берлин. Портпаролот на Toyota информираше за ова дека ова возило ќе заштедува време при барањето место за паркирање во големите градови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK