Toyota GR Yaris – со јака приказна зад себе!

ОБЈАВЕНО НА:

Како второ превозно средство, развиено од Toyota Gazoo Racing, новата Toyota GR Yaris му носи на сопственикот вистинско живописно искуство на патот. Трицилиндарскиот мотор со турбокомпресорот развива импресивна максимална моќност од 192 кВт/261 коњска сила од 1,6 литтри.

Корените на овој најмлад „спортист“ на Toyota се во далечната 1965 година. Тогаш со моделот  2000GT брендот го лансираше првиот јапонски спортски автомобил за употреба на патишта и рекорди. Додека 2000GT беше направен во соработка со специјалистот за спортски развој, Yamaha, денес истражниот и развоен центар на Toyota Gazoo Racing Europe GmbH (TGR-E) со седиште во Келн-Марсдорф е одговорен за глобалните активности на овој вид од најголемата автомобилска група во Јапонија.

2000GT го донесе концептот за моќен внатрешен шестцилиндричен мотор и класичен погон на задните тркала на Toyota Supra, кој беше воведен во 1978 година и оттогаш наваму се прави во пет генерации. Supra (A80) од своја страна го инспирираше развојот на сегашната GR Supra.

Раните модели Supra беа развиени на база на спортскиот автомобил Toyota Celica од средната класа, најпродаваното азиско спортско купе/4,1 милиони единици. Тој помина низ седум генерации од 1970 до 2007 година и исто така има редица на успеси во автомобилскиот спорт. Меѓу 1992 и 1994 година, Celica GT-Four запиша три шампионски титули во WRC и две титули во шампионатот за производител.

И најпродаваниот автомобил во светот, Toyota Corolla, исто така се „искажа“ по прашањето. Тој имаше спортски „роднини“ кои се утврдија сериозно во нагорнини и рели, како на пример семејството Corolla Coupe (AE86), претставено во 1983 година со специјално развиен погон на задните тркала.

Независно дали како Corolla Coupe GT или како Тrueno и Levin, спортистот, познат како Hachi-Roku – на јапонски „8-6“ – сè уште е култна фигура. Зад грбот на Toyota GR Yaris има сложена и долга историја, историја на победниците во Toyota, на која работеле многу луѓе заедно со техничкиот развој за да може да го има тоа за кое Toyota Gazoo Racing се залага денес.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK