Тoyota ги сопира дизелите за Европа?

ОБЈАВЕНО НА:

Иднината е во електричните возила, хибридите и оние превозни средства што нема да ја загадуваат човековата околина. Конвенционалните мотори со внатрешно согорување се предмер на опсервација и секоја земја размилсува различно – дали и кога да ги забрани автомобилите со такви мотори на своите патишта. Сигурно е дека после 2025 или 2030 година ќе има голема промена во структурата на автомобилите на улиците и оние што ќе се продаваат во салоните.

Извршниот потпретседател на Toyota објави дека компанијата тешко ќе продолжи да нуди дизелски автомобили во Европа. На салонот во Токио Дидие Лирои, кој се смета за втор човек во концернот по Акио Тојода, коментира дека иднината ја гледа во хибридите.

“Личното моето мислење – нагласувам, личното, не на компанијата – е да не пуштаме нови дизел модели”, вели највисокиот менаџер. Тој потсетува дека во 2014 година, кога го одобрил ставање на кросоверот C-HR во сериско производство, се откажал од дизел верзија иако имало инсистирање од многу дилери.

Toyota C-HR

Toyota CH-R е изненадувачки успешна во Европа. Според податоците на JATO, моделот го зголемил уделот на јапонската марка во SUV-сегментот од 12% во 2016 година до 30% во оваа и покрај недостатокот на дизелска верзија.