Топ- моделот Lada Vesta ќе доживее модернизација

ОБЈАВЕНО НА:

Од АвтоВАЗ ојавија дека се подготвуваат за длабока модернизација на најпродаваниот автомобил во Русија во последните неколку години. Lada Vesta веќе претрпи лесен фејслифт минатата есен, но претстојната обнова ќе биде доста позначителна, информираат од порталот „Лaдa.Oнлaйн“ и објавува компјутерско-генерирани фотографии на идниот седан, создадени од независниот дизајнер Иван Децијатниченко.

Модернизацијата ќе блијае на хаубата и браниците. Модернизираната Vesta ќе добие исто така нови стоп светла и потенки фавори, кои ќе дадат повеќе агресивност.

Какви измени претстојат во внатрешноста е тешко да се прогнозира. Според информатори од АвтоВАЗ моделот ќе се здобие со нов информациско-забавен систем со осум инчен сензорен екран и платформа.

Од Lada сè уште не го определиле дефинитивниот датум за премиерата на обновената Vesta. Според некои извори, модернизираниот седан ќе биде прикажан на крајот од оваа година, а според други кон средината на 2021 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK