Tesla ќе покаже нов модел (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот на колекционерски автомобили Grand Basel во Швајцарија (6-9 септември) ќе биде извршена и премиерата на новиот модел на Tesla Motors.

Компанијата веќе има испратено покани за претстојниот настан до некои од своите поважни клиенти и ќе организира лотарија за две VIP – влезеници. Сепак, уште не е откриена никаква информација околу мистериозниот електромобил.

Според информациите, во Базел ќе биде направена премиера на сериската верзија на втората генерација Tesla Roadster. Прототипот на моделот со 250-киловатчасова батерија беше покажан во ноември минатата година.

Моќноста на Roadster II не беше објавена, но според Tesla вкупниот вртежен момент на трите електромотори е 10 000 Нм. Забрзувањето од 0 до 97 км/ч е за 1.9 секунди, а развива максимална брзина од над 400 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK