Tesla дизајнираше подводно возило како во филм на Џејмс Бонд

ОБЈАВЕНО НА:

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск изјави дека компанијата проектирала подводно возило како оние од филмовите со Џејмс Бонд од 1977 година – „The spy who loved me”. На годишната средба на акционерите на Tesla, Маск бил прашан дали некогаш ќе направи „автомобил за на вода“, а ова прашање предизвикало дискусија.

„Навистина можеш да има подвоеден автомобил. Мислам дека пазарот за тоа ќе биде мал. Мал, но ентузијастички“, одговорил Маск, дека е можно да создаде подводен автомобил за некое шоу.

Маск е сопственик на „Wet Nellie“ – подводен автомобил, создаден од Perry Oceanographic Inc., кој е користен во филм со Џејмс Бонд.

За време на Q&A сесијата и презентацијата за инвеститорите, Маск ги убеди акционерите дека Tesla нема проблем со побарувачката. Тој говори за тоа колку е голем предизвикот една растечка компанија да биде профитабилна, како и за плановите на Tesla за создавање на автономни автомобили.