Светските продажби на Volvo Cars со пораст од 14.2% во јули

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volvo Cars објави дека глобалните продажби на брендот се зголемиле за 14,2 проценти во јули, откако достигнале ниво од 62.291 единици.

Од компанијата велат дека побарувачката на продуктите се зголемила на секој еден од основните пазари, притоа во Европа за 12,5% (до 28.700 примероци), во Кина со 14% (до 14.410) и во САД со 10,3% (до 9.697).

Од Volvo Cars споделуваат дека главниот мотор на брендот за изминатиот месец беше СУВ пондата, но сериозен принос има исто така и караванот V60 и S60. Најпродаваниот атомобил на брендот во јули беше компактниот СУВ XC40, а потоа се редат XC60 и XC90. СУВ моделите на Volvo генерирале 72,8% од вкупните продажби на компанијата откако за истиот период минатата година показателот беше 63,4%.

Продажбите на Volvo Cars кон крајот на првите седум месеци од годинава се на ниво од 332.253 примероци (-16%), а најпродаваниот автомобил на брендот е XC60 со 96.622 реализирани единици. На второ место е XC40 со 87.085, а на третото е XC90 со 46.669.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK