Suzuki каков што нема да видите во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Претходно пишувавме за модели на Honda, Fiat и Toyota кои не се дел од европската и глобалната понуда па ги има само на одредени региони. Така во продолжение пишуваме за уште еден автомобил, овој пат од брендот Suzuki кои не може да го видите на патиштата низ Европа.

Suzuki Dzire е мал градски седан од сегментот на субкомпактни автомобили. За прв пат е воведен во 2008 година од страна на Maruti Suzuki, joint-venture компанија на Suzuki и Maruti. Во целост е создаден на платформата и по примерот на Suzuki Swift па оттука бројните екстериерни и ентериерни сличности.

Во моментов овој автомобил се продава во Индија, околните земји и дел од земјите во Африка. На овие пазари се нуди третата генерација од овој модел која е со должина од 3.995 мм, ширина од 1.735 мм и висина од 1.515 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.450 мм додека пак багажниот простор изнесува 378 литри.

Image result for suzuki dzire

Во понудата доаѓа со 1.2 литарски VVT бензински мотор како и 1.3 литарски дизелски мотор чија каталошка потрошувачка изнесува нешто над 3 литра на 100 км.

Внатрешноста е во целост идентична како и кај основниот Suzuki Swift модел, но користени се неколку други материјали за завршните обложувања.

Image result for suzuki dzire

Веќе две години овој автомобил е меѓу најпродаваните пет во Индија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK