Строго доверливо: Каде завршуваат возилата од дизелгејт аферата? (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Можеби најголемиот светски плац за автомобили во светот е оној на Volkswagen Group во Колорадо, во близина на меѓународниот автопат на Pikes Peak. Околу него се поставени натписи “Забранет влез” и “Зона без дронови”. Но, сепак еден дрон успеа да ја сними локацијата.

Тоа е навистина гигантско место по своите димензии и се наоѓа во песочна област, дом на десетици илјади дизелски автомобили со лажниот софтвер на марките VW и Audi TDI кои чекаат понатамошната судбина. Погледот е навистина импресивен!

Десетици илјади автомобили и кросовери производство на концернот VW беа откупени назад од нивните сопственици и се паркирани на овој ограмен плац во предградието на Колорадо Спрингс, Колорадо.
Дизелските автомобили се паркирани според модели. Поголемиот дел од нив се Jetta седан, а другите се Passat и ванови. Покрај тоа, можат да се видат и кросовери Audi Q7 и Volkswagen Tiguan.

Откуп на приватните автомобили им се наметна на автопроизводителите откако во септември 2015 година беше откриена лошата пракса на Германците да манипулираат со резултатите од федералните државни тестови за издувните гасови со помош на специјален софтвер во дизел автомобили на Volkswagen, Audi и Porsche моделите од 2008 – 2015 година.

Која е судбината на сите овие автомобили? Некои од нив, чекаат од федералната ЕРА да бидат реновирани со надграден софтвер за да ги исполнат американските стандарди и ќе бидат препродадени како половни. Но, многу други нема да имаат среќа. Прашањето за финансиска сметка е дали тие ќе бидат земени од земјата на други пазари или ќе останат на чекање да скапуваат во природните услови на Колорадо.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK