Сте слушнале ли за паметен волан?

ОБЈАВЕНО НА:

После голем број на паметни делови на автомобилите следуваше и изработување на паметен волан, а таков е веќе развиен од страна на инженерите од компанијата Jaguar Land Rover. Иновацискиот управувач има за цел да му помага на возачот што помалку да го одвлекува вниманието од сообраќајот.

Паметниот волан исто така може да ги води активностите на возачот, а тоа според експертите ќе биде особено важно при возење низ магла или намалена видливост при темница.

Со загревање на едната или другата страна паметниот волан ќе дава сигнал за потреба од вртење. Разликата во температурите на левата и десната страна на воланот се менува веднаш, па секој возач ќе може да го постави степенот според свој избор.

Од Jaguar Land Rover велат дека истражувањата покажуваат дека температурните показатели можат да се користат и во неекстремни ситуации и треба да ја заменат сега постоечката вибрација бидејќи таа ја значително повеќе го одвлекува вниманието на возачот од сообраќајните случувања.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK