Стартап компанија покажа електричен автомобил со 1.100 коњски сили (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Стартап компанијата од САД со седшите во Јужна Калифорнија, Karma Automotive го претстави целосно новиот електричен концепциски автомобил со 1100 коњски сили.

Според компнанијата моделот SC2 е со 10.500 вртежен момент и може да достигне забрзување од 0 до 100 км/ч за помалку од 1,9 секунда. Електричниот автомобил со едно полнење може да помине над 560 километри, а тоа може да го направи благодарение на „I-образната“ батерија од 120 кВтч. Од нив 128 километри се целосно електрични со нула емисија на штетни материи.

Од Karma велат дека луксузниот автомобил со две врати е наменет да биде „храбра демонстрација“ на идните направи и технологии на компанијата, вклучувајжи и сензори за отпечатоци за прсти и препознавање на лицето за отклучување на автомобилот.

„SC2 е показател за нашата иднина како бренд, придвижувана од технологијата“, се вели во соопштението на извршниот директор на Karma Automotive, Ленс Зу.

SC2 дебитира заедно со новиот 2020 Revero GTS на компанијата, верзија на plug in хибридот Revero GT на Karma, кој дебитираше порано годинава.

Во моментов Karma прифаќа предвремени нарачки за Revero GTS, кој ќе се продава по цена од 149.950 долари, а се очекува производството на автомобилот да почне во првите три месеци од 2020 година.

Karma Automotive е создадена во 2014 година од останатите средства на Fisker Automotive. Основана е од познатиот автомобилски дизајнер Хенрик Фискер во 2007 година, но многу брзо банкротирала.  Операциите на компанијата се базирани во Јужна Калифорнија. Сега таа е сопственост на Wanxiang Group, главен кинески снабдувач со делови за автомобили.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK