Средните емисии на CO2 во Европа се зголемуваат

ОБЈАВЕНО НА:

Битката за подобрување на квалитетот на воздухот којшто го дишиме на Стариот континент барем засега не е онаква-каква што се посакува. Иако десетици градови објавија намери да го запрат движењето на стартите автомобили, резултатот од тие иницијативи во моментов не е позитивен.

Според информации од JATO Dynamics, водечката компанија за анализа на пазарот на автомобили на светски план, средните CO2 емисии во Европа се зголемени првпат во последните десет години. Иако се работи за минимално, со 0,3 грама на километар, зголемувањето е факт.

Причините за тоа се главно две. Првата од нив се крие во тоа што Европјаните сè почето гледаат кон сегментите на кросовер и СУВ автомобилите, кои по дефиниција се поенергично неефективни претставници на другите масовни класи.

Друг основен фактот е борбата против дизел моторите, која неминовно доведе до опаѓање на заинтересираноста кон тој тип на технологија. Дури и таа да е малку позамрсена во однос на азотните оксиди (NOx), нивото на CO2 таму е доста пониско на средно ниво.

Чистата споредба меѓу продадените бензин и дизел возила најлесно го покажува приносот, кој го имаат агрегатите на нафта. Во 2017 година сите продадени чисто нови дизел возила образуваат средно ниво на CO2 oд 117.9 гр/км, а кај бензинците тоа рамниште е повисоко 123.4 гр/км.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK