Спортски автомобил од Lynk&Co „дигна“ 310 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

Lynk&Co 03 Cyan Concept направи тестови на писта во Шпанија, со тркачкиот 03 TCR, со кој брендот ќе дебитира во автомобилските трки во оваа сезона.

„Го направивме овој спортски автомобил заедно со Volvo Cars и Polestar. Овој автомобил е платформа за развој на идните производствени автомобили, базирани на технологијата на Lynk&Co”, вели Хенрик Фрајс, кој е раководител на R&D во Cyan Racing тимот, кој до скоро го претставуваше Volvo во WTCC.

Концептот на Lynk&Co 03 Cyan е интерпретацијата на Cyan Racing за тркачки автомобил на патот, користејќи ја истата технологија како тркачките автомобили Lynk&Co 03 TCR, со кои Cyan Racing ќе се натпреварува во 2019 година во FIA World Touring Car Cup.

Концепцискиот автомобил е опремен со дволитарски мотор со турбокомпресор со моќност од цели 528 коњски сили на 7800 вртежи во минута.

Максималниот вретежен момент е 504 Nm при 4500-7000 вртежи. Забрзувањето на прототипот од место до 100 км/ч одзема 4,4 секунди, а до 200 км/ч потребни се 10 секунди. Запирањето од 100 км/ч до место се случува за 30 метри. Максималната брзина е 310 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK