Спасува милиони животи: Безбедносниот ремен полни 60 години

ОБЈАВЕНО НА:

Во последните 60 години се спасени над еден милион човечки животи, а голема улога за ова има безбедносниот ремен, кој се појави во 1959 година. Ова го промовира во најважниот пронајдок во областа на безбедноста на патиштата.

Пред точно 60 години, инженерот на Volvo, Нилс Болин го измислил модерниот безбедносен ремен со три точки. Компанијата почнува да го користи во своите превозни средства, но дури откако било утврдено колку многу животи можат да бидат спасени со неговата масовна употреба. На тој начин го отвaра патентот и им овозможува слободна апликација од сите производители на автомобили. Оваа одлука е клучна за намалување на жртвите од сообраќајни незгоди низ целиот свет.

„Нема друг систем за безбедност, кој може да се спореди со безбедносниот ремен кога зборуваме за спасување на човечки животи. Тоа е потполно валидно и за возачите на камиони, и покрај погрешното сфаќање, дека тие се помалку ранливи на големината на автомобилот. При несреќа со вртење на пример, ременот го спречува возачот да биде притиснат меѓу земјата и камионот“, објаснува директорката за безбедноста на патиштата при Volvo Trucks, Ана Берлинг.

Факти

Според експертите користењето на безбедносниот ремен може да ја зголеми стапката на преживување за 40-60 проценти при потенцијална смртоносна несреќа.

Според истражување на Volvo Trucks од 2017 година полoвина од загинатите во сообраќајни незгоди ќе преживеат доколку користат безбедносен ремен.

Во последните 25 години, како резултат на зголемениот степен на користење на безбедносни ремени, смртните случаи се намалени со 20 проценти во Велика Британија и со 25-30% во Германија.

Првата држава, која вовела задолжително користење на безбедносен ремен, како на патниците на предните, така и на задните седишта беше Австралија во 70-тите години на минатиот век. Казните за прекршителите биле многу сериозни, но тоа допринело за 20% помалку смртни случаи при несреќите.

Во многу високо моторизирани држави (Европа, САД, Јапонија) степенот на користење на ременот на предните седишта достигнува до 80-90%. Во некои европски држави нивото е пониско и е некаде 50-60%.

Поретко се користат ремени на задните седишта, а процентот е и под 50%. Ставањето на ременот одзема две секунди кои можат да се покажат како решавачки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK