Современа Volga од нов дизајнерски поглед (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Возилотo Volga ќе има нов изглед, а дизајнерот Сергеј Баринов успеа да внесе неколку новитети во создавањето на Volga на иднината. Со оглед на тоа што првите оценки се позитивни значи дека има одличен почеток, па се вели дека добрите оценки му дале уште поголема инспирација за работа на усовршена верзија.

На социјалната мрежа Vkontakt се појавија нови слики од автомобилот кој е во фабриката GAZ, а се вели дека совршено одговара на современиот мегаполис. Според она што може да се забележи сочувани се основните црти на автомобилот GAZ 24, а тоа се: продолжена хауба, хромирана решетка на браникот, странични вдлабнувања…

Баринов одлучил малку да ја смени декорацијата на автомобилот. Покрај тоа менувал и кај браниците, страничните ретровизори, задните светла и кај фаровите.

Сергеј го претстави своето видување на седанот, караванот и караванот теренец. Кај последниот идејата најверојатно ја добил откако го видел новото возило Lada Vesta SW Cross.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK