Skoda Superb стигна до 500.000 од третата генерација

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Skoda објави дека производството на актуелната (трета) генерација на флагманот на брендот-SUPERB, ја достигна границата од 500.000 примероци.

„Денес имаме половина милион причини за да бидеме горди. Производствениот јубилеј е одличен доказ за продолжувањето на популарноста на Skoda Superb. Тоа е автомобил кој во моментов се произведува во пет различни фабрики и е меѓу најдобрите и најуспешни средноразмерни автомобили. Брендот должи голема чест на растот на ова возило“, велат од Skoda.

Од првата генерација на возобновениот Superb (2001 година) се направени 136.100 примероци, но неговиот наследник (2008-2015 година) го надоградува овој резултат со нови 618.500 примероци. Третата генерација на моделу се појавува на пазарот во март во 2015 година и досега се направени точно 500.000 возила.

Вкупниот резултат на моделот е на ниво од 1,25 милиони примероци, а ова година треба да биде направен следниот чекор во неговиот развој со лансирањето на обновената верзија со голем број на дизајни и иновациски новости, а тука се вклучени и првата во историјата на брендот plug-in хибридна верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK