Skoda произведе 1 милион СУВ возила

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Skoda Auto објави дека успеaле да стигнат до бројка од 1.000.000 произведени возила од СУВ претставниците на брендот.

Јубилејниот автомобил е Karoq, а е направен во фабриката во Квасини и е наменет за клиент во Шпанија. Тоа е ниво на опрема Ambition, иградено е во Emerald Green, има 1,5-литарски TSI мотор со 150 коњски сили и роботизиран DSG менувач.

Почетокот на СУВ историјата во Skoda е во 2009 година со лансирањето на моделоте Yeti од кој до моментот на запирањето на производството минатата година до клиентите биле доставени повеќе од 684.000 возила.

Вистинската СУВ офанзива на Skoda почнува во текот на пролетта во 2017 година, кога брендот го претстави Kodiaq, а беше продолжен есента од Karoq. Од пролетта годинава брендот може да се пофали со уште еден СУВ модел – Kamiq, изработен специјално за кинескиот пазар.

Во моментов, Skoda ги произведува своите СУВ модели во Чешка, Индија, Русија, Кина и Германија. Со најдмногу доставувања до клиентите после Yeti со неговите 684.500 единици, може да се пофали Kodiaq (215.700), а потоа следуваат Karoq со 87.800 и Kamiq со 12.000.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK