Skoda Octavia се враќа на традиционалниот дизајн

ОБЈАВЕНО НА:

Новата генерација на популарниот модел на Skoda-Octavia треба да се појави на крајот на 2019 година или на почетокот на 2020 година и ќе се одликува со потрадиционален дизајн, поблизок до тој на Superb. Веќе редовно се појавуваат папараци-фотографии од тестовите на новата генерација на Octavia, но досега прашањето за дизајност, особено за предницата не беше воопшто сериозно разгледувано.

Четвртата генерација на Octavia ќе ја зачува силуетата на актуелниот модел, а според француското списание Automobile, фаровите на моделот одново ќе бидат цели. Другите промени вклучуваат поголема решетка на ладилникот со хромирана рамка, нова форма и на стоп светлата, како и нов интериер во кој акцентот е поставен на модерните технологии.

Новата Octavia ќе биде изградена над обновената платформа MQB, која ќе се користи и при новиот VW Golf, кој ќе се појави во текот на летото на 2019 година, како и новата генерација на SEAT Leon и Audi A3.

Сè уште е рано да се каже што точно ќе вклучува движечката гама на следната генерација на Octavia, но веќе е јасно дека во неа ќе се појави 1,5-литарскиот бензински тубро мотор со моќност од 200 коњски сили. Се очекува RS-верзијата на следната Octavia да биде со 250 коњски сили.

Делот на компанијата VW Group во Чешка нема намера да се откажува од дизел возилата и на местото на сегашниот 1,6-литарски TDI мотор ќе се појави мотор со обем од 1,5 литри, но со помодерни технологии. Како надополнување на тоа гамата на моделот ќе вклучува и „мек хибрид“ со 48-волтен електричен систем.

Octavia останува еден од најдобро продаваните модели на Skoda во Европа. За 2015 година се достигнати 215.797 единици, а во 2016 продадени се 227.213 возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK