Сигурно е рекорд: Србин во затвор зашто возел со 4,85 промили алкохол во крвта

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најстрашните прекршоци во сообраќајот е возење под дејство на алкохол. Тој се казнува со голема парична казна, одземање на возачката, па дури и до затвор. Таква казна заработил и 36-годишен возач во населбата Михајловац кај Смедерево, кој управувал возило во состојба на целосна интоксикација, со 4,85 проценти алкохол во неговото тело, соопшти полицијата во Смедерево.

Тој бил приведен и однесен пред дежурниот судија на Прекршочниот суд во Смедерево, кој, во скратена постапка, донел пресуда со која му се изрече казна затвор во траење од 30 дена затвор и парична казна од 120.000 динари. Исто така, тој беше осуден на забрана за возење од девет месеци и 15 казени поени.

За време на операцијата, во полицискиот оддел Смедерево биле откриени 16 возачи, кои управувале возила додека биле затруени, се вели во соопштението.

Македонската полиција редовно фаќа одреден број на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, но никогаш немаат објавено со колкав процент на алкохол истите биле фатени. Според нашиот Закон дозволено е да имате 0,5 промили алкохол во крвта при проверка.

Ова треба да го знаете: Колку долго алкохолот останува во крвта?

 

Помага ли јадење лук ако сте пијан за да ја излажете полицијата?

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK