Шведска го има најевтиниот електромобил, се полни за 9 минути

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилскиот стартап од Шведска, Uniti е со доста скромни амбиции, но и во таква ситуација тимот се обиде да измисли нов градски автомобил со кој ќе го спаси светот. Деновиве го претстави ова возило пред јавноста, а се работи за електричниот автомобил Unity One.

Компанијата го има развиено и веќе го објави стартот на продажите на својот елекетричен автомобил со едно седиште. Цената е 19.600 американски долари, а засега тоа е најевтиното електрично возило во светот.

Мизерни пари за удобност
Мора да се признае дека ниту една компанија од брендовите на автомобилски производители не продава автомобили со едно седиште. Сепак, ова е и основа идеја за стартување, да се врати кон главното и да се отстранат сите непотребни функции, да се разработи мал лесен градски автомобил.

Измените, кои биле направени се базираат на производствена изводливост, енергетска ефикасност и потенцијална привлечност на широкиот аудиториум.

Целта на компанијата е да пренасочи кон поразумен градски автомобил, кој за разлика од повеќето современи автомобили, нема прекумерна тежина, помал е и доста мобилен.

Основниот модел ќе има батерија со капацитет од 12 кВт, кои ќе обезбедуваат можност за поминување од 150 километри со едно полнење.

Има можност да се порача варијанта со помоќен акумулатор и можност да се поминуваат до 300 километри.

За полнењето на акумулаторот со капацитет од 12 кВт ќе бидат неопходни само девет минути, доколку се користи станица за полнење со капацитет од 50 кВт, додека кај помоќната верзија за полнењето ќе бидат неопходни 17 минути.

Максималната брзина на електричниот автомобил ќе биде 120 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK