Секои 12 минути се нарачува по еден Nissan Leaf (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

За време на саемот во Женева, Nissan имаше забележителен настап на полето на електромобилноста, а меѓу другото е прикажана и нова верзија на полуларниот модел Leaf. Овој произведувач на возила од Јапонија е горд на фактот дека во Европа веќе доби 19.000 порачки за новиот Leaf, вклучувајќи и 13.000 порачки пред моделот да биде прикажан.

Во просек, произведувачот на овој модел во Европа добива нарачки на секои 12 минути што доаѓа преку 3.000 месечно.

Претходните извештаи говореа за бројка од 40.000 возила на глобално ниво, па можно е таа бројка сега да изнесува и 50 проценти повеќе.

Ќе биде интересно во текот на оваа година да се спореди продажбата на Leaf и ривалот од алијансата на Renault, Zoe. Во првата година беше број 1 во Европа според продажба на електричните возила, а сега кога е тука и новата верзија ќе биде уште поинтерсно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK