Секое продадено возило на Ferrari му носи ќар од 69.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Најрентабилниот производител на автомобили во светот во моментов е Ferrari. Бројките за првите шест месеци во 2018 година добиени од истражувањето на Универзитетот од Дуизбург се одлични за компанијата.

Култниот италијански бренд реализираше оперативна заработувачка од 69.000 евра од секој продаден автомобил, додека на сосема спротивната страна е Jaguar Land Rover, кој заработува едвај по 800 евра од возило.

Меѓу германските компании најрентабилна е Porsche, која заработува едвај двапати повеќе од продаден автомобил во споредба со Mercedes-Benz, BMW и Audi. Се работи за заработувалка од 17.000 евра спроти 9.000 евра. Истражувањето покажало дека секое купено Maserati на компанијата и носи по околу 5.000 евра, а толку е заработувачката и на Volvo.

Интересен е случајот со Bentley. Секој продаден автомобил генерира загуба од 17.000 евра, а тоа се објаснува со огромните инвестиции во електричните технологии. Слична е ситуацијата и со Tesla, која губи по 11.000 евра од продадено возило, додека Rolls-Royce и Lamborghini не ги објавуваат јавно финансиските резултати и не учествуваат во истражувањето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK