Седиштата на новиот Ford Focus го чуваат грбот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Ford објави дека предните две седишта на новaта генерација на Focus добиле признание од водечката здравствена организација Aktion Gesunder Rücken (AGR) за ублажување на болките и позитивно влијание врз грбот на возачот и неговиот сопатник напред.

Од Ford велат дека признанието за седиштата на Focus е првото од овој вид за брендот од AGR и дека за стекнување на сертификатот на организацијата, конкретното седиште треба да биде во состојба да се адаптира кон структурата на човекот во седната положба, а не возачот и неговиот сопатник напред да се прилагодуваат на положбата на седиштето.

Удобноста за грбот, која ја нудат предните седишта на новиот Ford Focus е резултат на нивната можност да понудат поставка во 18 насоки за макисмална потпора и удобност.

Седењето во погрешна позиција може да доведе до тоа возачот да се наведне напред, а тоа дополнително го оптоварува долниот дел на неговиот грб. Нашата цел со Focus беше да развиеме седиште со регулирање во 18 насоки, кое ќе се прилагодува на секој човек и тоа ќе им овозможи на возачите со секаков габарит лесно да ја достигне својата оптимална позиција за седење за максимална удобност особено при долги патувања“, велат од Ford.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK