Seat ќе избира меѓу четири имиња за новиот СУВ

ОБЈАВЕНО НА:

Паралелно со светската премиера на најексклузивниот автомобил во својата историја – Leon Cupra R, на салонот во Франкфурт шпанскиот производител на автомобили Seat ги објави и четирите финални предлози за името на целосно нов СУВ, кој ќе биде пуштен во продажба во текот на следната година.

Лука де Мео – претседател на Seat, најави дека четирите финални предлози се Alboran, Aranda, Avila и Tarraco, и дека секој кој би сакал да го изрази своето мислење и да поддржи некое од имињата, може да го направи на сајтот seat.com/seekingname.
Предлогот што ќе собере најмногу гласови, ќе биде победник и тоа име ќе биде искористено за ознака на целосно новиот СУВ на шпанскиот бренд.

Seat ја почна иницијатива за предлози за името на новиот СУВ на 1 јуни и собра вкупно 133.332 предлози од учесници од 106 земји низ целиот свет. Редуцирани врз основа на основните барања на конкурсот, бројот достигна до 10.130 предлози, секое едно од нив е поврзано со различни историско место во Шпанија, а победникот ќе биде прогласен пред 15 октомври годинава.

Од 1982 година па сѐ досега во портфолиото на Seat биле вклучени вкупно 13 модели, имињата на кои се поврзани со географски области во Шпанија – Ronda, Ibiza, Malaga, Marbella, Toledo, Inca, Alhambra, Cordoba, Arosa, Leon, Altea, како и најновите Атека и Арона.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK