Се тестираат камионите на иднината

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Foton Motor од Кина е првата која доби лиценца за спроведување на патни испитувања на камион без возач. На територијата на научно-истражувачкиот институт за автомобилско инженерство во Чунцин веќе се почнати тестирањата без возач на камион од марката „Фотон“.

За време на тестирањата ќе бидат одработени алгоритмите за движење на камионот во различни услови. Ќе има можност и да се анализира однесувањето на камионот на нерамни патишта, при свиоци и друго.

Работата на проектот Foton почна уште пред две години во соработка со светскиот IT гигант Baidu. Претставениот камион е на четврто ниво на автономност односно е способен да се придвижува без учество на човек на каков и да е пат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK