Се наплаќа на лице место: Познати се казните за брзо возење во Србија

ОБЈАВЕНО НА:

Во Србија почна мерење на просечната брзина на автопатиштата, по што возачот кој ќе ја надмине, ќе биде казнет. Тоа се утврдува според мерењето меѓу две наплатни рампи, и таа брзина ја има и на билетот што се добива при плаќањето на патарината. Полицијата е поврзана со системот и веднаш ги добива информациите.

Досега постоеше тест период, но од 1 септември секое пречекорување на дозволената брзина се казнува. Домашните возачи добиваат казна на домашна адреса, додека на странските државјани казната им се наплаќа на местото на прекршокот. Ограничувањето на брзината на автопатиштата во Србија е 120 км/ч. а досегашните резултати од пробните мерења покажале дека домашните возачи се по дисциплинирани во однос на странците. Се размислува зголемување на дозволената граница од сегашните 120 на 130 км/ч. на автопатиштата.

Со исклучување од автопатот, возачите добиваат белешка за плаќање на патарината, со тоа што новина е дека овој пат на таа белешка ќе ја има и просечната брзина со којашто возилата ја изминало одредената дестинација.

За возење со просечна брзина меѓу 121 и 140 км/ч. казната е 3.000 динари, односно нешто над 25 евра. За брзина од 141 до 160 км/ч. ќе платите околу 42 евра, а доколку пат возите со просечна брзина од 161 до 180 км/ч. казната е од 50 до 170 евра. Домашните возачи добиваат и три казнени поени и одземање на возачката дозвола од најмалку 30 денови.

Ако ве фатат за брзо возење каде просечната брзина е меѓу 181 и 200 км/ч. тогаш паричната казна е од 125 до 250 евра, казнени поени и одземање на возачката н атри месеци.
Во есктремен случај на возење со над 201 км/ч. просечна брзина ќе треба да платите мешу 850 и 1680 евра. и плус 15 дена во затвор, 14 казнеи поени и најмалку осум месеци без возачка дозвола.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK