Русите се мајстори за сè, произведоа алкохол од стари гуми

ОБЈАВЕНО НА:

Научници од Уралскиот федерален универзитет во Екатеринбург претставија ефикасна и еколошка технологија за преработка на стари гуми со цел производство на метил алкохол-метанол, кој моѓе да се користи и како гориво за автомобилскиот транспорт и авијацијата.

„Гумите се обработуваат при температура од 700 степени. Се добива гас-синтез, при што со следната обработка се извлекува корисен продукт-метанол“, стои во соопштението на Министерството за наука и високо образование на Русија.

Ефективното обновување на отпадот е една од актуелните задачи за многу држви. Старите автомобилски гуми се сериозна закана за околината и рециклирњето е сериозен проблем. Светскиот обем на овој вид отпад се проценува на над 10 милиони тони годишно, а во Русија изнесува еден милион тони годишно.

За преработка на гумите научниците користат барабан реактор во кој под висок притисок и температура се добива метанол. Уредот може да преработува по 457 килограми стари гуми на час а производството на метанол достига до 328 килограми на час. Од него може да се прави формалдехид за производство на полимерни материјали.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK