Русија воведува алкохолни брави во автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за индустрија и трговија на Русија развива „концепт за масовно имплементирање“ на уреди, кои го спречуваат стартувањето на моторот при позитивен алкохолен тест на возалот. Целта е до 1 октомври 2020 година да биде изготвен план за „стимулирање“ на производителите да почнат да монтираат такви уреди на новите автомобили.

„Алкохолниот клуч“ (АlсоLосk) e шведска технологија од крајот на минатиот век. Претставува уред, кој не му дозволува на автомобилот да вози пред проверка на возачот со алкохолен тестер. Доколку концентрацијата на пареата на етил алкохол во издишаниот воздух ја надминува нормата, системот го блокира палењето.

Иницијативата на „Минстерството за индустрија и трговија, сепак, има неколку недостатоци. На прво место „алкохолниот клуч“ чини меѓу 25.000 и 120.000 рубљи (300-1.400 евра), што неминовно ќе се одрази на цените на новите автомобили. Покрај тоа системите од овој тип не секогаш сработуваат правилно, а треба да бидат целосно исклучени и ситуации во кои палењето се прекинува за време на движењето.

Прашањето за масовно воведување на „алкохолни клучеви“ се поставува не за првпат во Русија. Досега се разговараше за два концепти – со такви уреди да се опремат не само автомобилите на возачи фатени да возат пијани или да има задолжителна монтажа на секој нов автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK