Rеnаult Zое помина над 760 километри со едно полнење и специјални гуми

ОБЈАВЕНО НА:

Најпродаваното електрично возило во Европа, Rеnаult Zое успеа да постави рекорд за најмногу поминати километри со едно полнење, благодарение на специјални гуми за електрични автомобили.

Според карактеристиките на Rеnаult, моделот е способен да помине 394 километри, но за време на тестот од Еnsо биле постигнати 683 километри со автомобил, опремен со гуми од фабрика.

Се разбира, тестот е насочен кон максимална километража и податоци во реалноста со потрадиционално возење, најверојатно ќе се разликуваат доста. За целта на рекордот екипата управувала со специјално развиени гуми, кои ќе влезат во сериско производство во текот на следната година. Тие овозможија поминување на точно 764,9 километри со Rеnаult Zое cо 52кВч бaтeрија на патека во Велика Британија.

За оваа цел тимот возел со брзина од 30 км/ч, што е најоптимална брзина, која тие успеале да ја најдат, за да успеат да постигнат максимална брзина. Во споредба со другото Zое, кое е опремено со нормални гуми од фабрика, тоа на Еnsо постигнало 11,27% повеќе километража.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK