Renault со експеримент за градските доставни услуги

ОБЈАВЕНО НА:

Французите од Renault покажаа едно интересно превозно средство кое се нарекува EZ-FLEX. Тоа претставува експериментален електричен и поврзан лесен автомобил, кој во исто време е и компактен и агилен. Дизајниран е да ја поддржи одржливата мобилност и ефикасноста на снабдувањето во градските зони.

С EZ-FLEX Renault почнува нов, заеднички, иновациски и досега невиден пристапк со цел подобро разбирање на новите предизвици, поврзани со доставните услуги. Renault EZ-FLEX ќе биде тестиран од различни професионалци во Европа со цел собирање на важни податоци за употребата и подобро разбирање на потребите на секојдневните урбани резерви.

Истражувањата покажуваат дека обемот на транспортираните стоки низ светот се очекува да порасне дури четирипати до 2050 година. Во таа врска на крајот од 2018 година Renault ја претстави својата визија за иднината на градските курирски услуги во 2030 година со електричниот, автономен и поврзан концепциски автомобил Renault EZ-PRO. С EZ-FLEX, електричен и поврзан автомобил, Renault продолжува да се подготвува за иднината, која ги проучува новите апликации во сферата на доставните услуги.

Должината на EZ-FLEX (3,86 м), ширината (1,65 м) и висината (1,88 м) се доволно компактни за да дозволат пристап до секакви автомобилски паркинзи. Товарниот капацитет од 3 м3 е  исклучителен за неговите размери и е постигнат благодарение на компактниот кокпит, кој дава целосна понуда на функционалности на стандарден автомобил. Дијаметарот за вртење од 4,5 метри обезбедува одлична можност за маневрирање по централните градски улици.

Како електричниот автомобил, EZ-FLEX има пристап до градските улици, нудејќи можност за поминување на 100 километри, адаптиран на потребите на градските курирски услуги (доставувањата низ градот бараат среден дневен просек од поминати 50 километри). Се очекува експериментот да продолжи околу 2 години.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK