Renault пушта екстремно евтин кросовер (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Уште во текот на ова лето компанијата од Франција ќе претстави нов компактен кросовер, кој ќе располага со седум седишта. Главниот пазар на кој ќе се лансира моделот е Индија, а името на иновацијата ќе биде Triber.

Автомобилот ќе биде опремен со еднолитарски мотор со моќност од 75 коњски сили, а менуачот ќе биде петстепен и механички. Според информација на Autocar India новиот кросовер ќе се гради на платформата CMF-A и покрај рекордно кратката должина од четири метри возилото е снабдено со седум места.

За споредба, Dacia Sandero е со должина од 4070 мм. Тоа е направено сосема намерно, бидејќи во Индија има финански олеснувања за автомобили со должина до четири метри.

Очекуваната цена за Renault Triber е 530.000 рупии – износ кој е еднаков на приближно 6800 евро.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK