Рeклaмa зa Сitrоеn ги навреди екологистите (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Рекламно видео направено за Сitrоеn во кое учествува рагби судијата, Најџел Овенс и лажна мечка предизвика многу обвиненија за суровост кон животните. Во шеговитото видео, Велшанецот покажува како зад воланот на кросоверот С5 Аirсrоss можат да бидат скротени и најдивите ѕверови.

Мечката се испречува пред Овенс во шумата, но место да се уплаши тој ја зема за да ја цивилизира. Мечката добива потстрижување, ја чести со сендвичи со лосос и кратка лекција за свирење на виолончело, по што двојката оди по патот низ шумата во смокинзи.

Иако е многу јасно дека мечката е актер во костум, рекламата веднаш беше наречена пропаганда за жесток однос кон животните. Пејачката Кејти Маршал која има 18 години на Твитер напиша: „исклучително сум загрижена како Сitrоеn UK и Најџел Овенс ја користат мечката во рекламни цели“.

Според пејачката не е добро „животните да користени за да извршуваат понижувачки улоги за задоволување на публиката“.

Најџел Овенс во шега и одговара на Маршал: „Кејти, со целата моја почит кон Вас, користете го малку мозокот. Тоа не е вистинска мечка, туку човек во костум. Никогаш немаше да учествувам во ваква реклама доколку мечката беше вистинска“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK