Работниците даваа идеи, SEAT заштеди 12,6 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Во последните неколку години шпанскиот автомобилски производител SEAT направи интересна иницијатива во компанијата. Наречена Ideas for Improvement (Идеи за подобрување), програмата промовира споделување на идеи од страна на вработените во компанијата, кои би довеле до различни подобрувања во работниот процес во бизнисот.

Само во минатата година, реализирањето на дел од идеите за подобрување од страна на работниците на SEAT (вкупно биле поднесени 11.200) довело до штедење во изност од цели 12,6 милионие евра.

Од SEAT примаат идеи за подобрување во десет основни категории: Продукти, Капацитети, Ергономија, Енергетска ефикасност, Итри идеи, Подобрување на процесите, Квалитет, Животна средина, Иновации. До моментов од шпанскиот бренд имаат потрошено повеќе од 2,1 милиони евра за своите вработени за нивните идеи.

Во првите шест месеци од оваа година, раководството на SEAT примиле 7381 идеја за подобрување, што претставува зголемување во однос на истиот период од минатата година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK