Првиот кинески Brаbus

ОБЈАВЕНО НА:

Луксузниот бренд на Grеаt Wаll, Wеy, ги покажа првите фотографии од прототипот, создаден во соработка со Brаbus. Во текот на пролетта двете компании потпишаа договор за партнерство, кој предвидува соработка во развојот на моторите, дизајнот и производството на лимитирани сериски автомобили.

Wеy-S e првиот концепт, проектиран од Brаbus во согласност со она што го претпочитаат Европјаните. Недостатокт од решетката кај ладилникот и ауспуси зборува дека станува збор за чист електромобил.

Исто така нема ниту ретровизори, а нивните функции официјално се преземани од камери. Задните врати се отвораат спротивно од насоката на движење, а во задниот дел од покривот и под задниот браник се гледаат трет и четврт стоп во форма на перка на ајкула.

Од Wеy и Brаbus сè уште не ги откриваат техничките детали за концептот. Тоа ќе се случи во Франкфурт во текот на идниот месец кога ќе биде јасно кога ќе оже да се очекува Wеy-S да влезе во сериско производство.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK