Првиот електромобил на Aston Martin во ограничена серија од 155 примероци

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Aston Martin официјално потврди дека првиот целосно електричен автомобил од брендот ќе се вика RAPIDE E, а првите доставувања до клиентите ќе бидат направени во првото тромесечие од следната година.

RAPIDE E е заеднички проект на Aston Martin и Williams Advanced Engineering и ќе биде произведен во исклучително лимитирана серија од само 155 примероци. Секој еден од нив ќе биде опремен со целосно електричен погон, моќност која ќе биде над 610 коњски сили, додека вртежниот момент ќе биде 950 Нм.

Батерискиот блок на Aston Martin RAPIDE E ќе биде составен од 5600 литиум-јонски батерии со големина 18650 за вкупен капацитет од 65 kWh. Вграден во посебен пакет, батерискиот модул ќе биде позициониран на местото на стандардниот шестлитарски V-12 мотор со внатрешно согорување, а со два електромотори ќе ги придвижува задните тркала.

За RAPIDE E од Aston Martin си имаат поставено цел да биде во состојба да помина над 320 километри, да има максимална брзина од 250 км/ч и можност за забрзување од 0 до 96 км/ч за под 4 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK