Против алергии и загаден воздух: Филтер со активен јаглен во секој нов Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen објави дека почнале со вградување на филтер со активен јаглен во производството на сите свои автомобили, сметајќи дека на тој начин ќе допринесе значително за здравјето на најголемиот дел од своите клиенти, за оние кои имаат проблем со алергии или се чувствителни кон загадениот воздух.

Досега технологијата, која е добро позната веќе доста време како успешна била дел од опцијата Air Care Climatronic на Volkswagen, помагајќи да се филтрираат на полен, бактерии, габични спори, честички и опасни гасови за здравјето пред нивното навлегување во внатрешноста на автомобилот.

Од Volkswagen најавуваат дека отсега натаму секој новопроизведен автомобил ќе биде стандардно опремен со филтер со активен јагледн, а голем дел од веќе произведените и продадени претставници на брендот ќе можат да бидат доопремени.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK