Приходите на Renault паднаа преку летото

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Renault има пад во заработувачката во текот на третото тромесечие од годината. Причината е во намалувањето на производството на дизел автомобилите кај партнерите на францускиот автомобилски производител: Nissan и Daimler. Ова, пак, се должи на сè помалата заинтересираност за дизел автомобилите поради забраните во многу европски градови за движење на старите автомобили, кои се движат на ова гориво.

Од Renault, кој поседува 43,4% од јапонскиот производител Nissan, соопштија дека приходите на Renault Group се намалени за 1,6% до 11,3 милијарди евра. Оттаму уште тврдат дека обемните продажби на групата во третиот квартал се намалени за 4,4% што е намалување за 852.198 автомобили.

Покрај тоа што продава автомобили со брендот Renault, компанијата ги користи своите фабрики и за производство на автомобили за своите партнери Nissan и  Daimler. Воедно е специјалист за производство на дизел мотори за други автомобилски производители. Продажбите на автомобилите, кои ги произведува за своите партнери, пријавија забавување, кое од своја страна имаше ефект над приходите на Renault.

Од Renault велат дека ефектите се засилуваат и од затворањето на пазарот во Иран од минатата година, како резултат на санкциите на трговијата на САД. Откако компанијата ги објави резултатите за последните три месеци, Renault ги ревидираше своите предвидувања за раст на глобалниот пазар на автомобили, откако изјави дека очекува пад на годишната база од околу 4% што е за процент повеќе во споредба со минатата година кога беше пријавен пад од 3%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK