Престојувал во автомобил за да не го зарази семејството

ОБЈАВЕНО НА:

Жител во полскиот град Остров Велкополски решил резултатите од тестирањето за коронавирус да ги почека со седење во својот автомобил, за да не ги изложува на ризик своите најблиски, пишува Onet.pl. Анализата на земениот материјал траел три дена и тој требало да чека на паркингот на санитарно-емидемиолошкиот стационар за да можат лекарите да ми помогнат во случај да му се влоши здравствената состојба.

Полјакот не се чувствувал добро и со автомобилот се вратил од странство. Веднаш штом се вратил во Остров Велкополски заминал во болница, а докторите му дијагностицирале бронхитис, му дале рецепт за лекарства и го испратиле дома.

Човекот се исплашил дека можеби е заболен од коронавирус и може да го зарази семејството. Немало како да остане во болница, бидејќи болните од бронхит не подлежат на хоспитализација.

Самоизолацијата во автомобилот завршила по три дена, кога биле готови резултатите од анализата. Тие биле негативни, а сопственикот на домот можел да се врати дома и да го напушти автомобилот и паркингот пред болницата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK