Предлог во соседството: Глоба од 50 евра за пешаци што зборат или типкаат

ОБЈАВЕНО НА:

Сѐ поголем проблем стануваат пешаците што додека минуваат улица зборуваат на мобилен или типкаат на својот умен телефон. Во Бугарија има предлог тие да добијат глоба од 50 евра за ваквото однесување, ако се усвојат измените на законот, пишува “Монитор”.

Предлогот е упатен до сообраќајната полиција и се однесува на три различни делови. Првата промена во Законот би била дека се забранува користење на мобилен кога се минува улица.

Потоа се предлага забрана за користење мобилен ако се користи превозно сведство на две тркала, освен ако има уред кој може да овозможи користење на истиот уред без раце. Пешаците ќе може да користат мобилен додека минуваат сообраќајница само ако имаат хендсфри.

Бугарија се соочува со несреќи во кои страдаат пешаци и тоа на пешачи премин. Само за една година на пешачка премин загинале во Бугарија четири пати повеќе чица. Во 2016 година на пешачки премин загинале 6 лица.

Во 2017 година бројат пораснал до 26 луѓе, а вкупниот број на загинатите пешаци од лани бил 158 лица. Многу од нив, минувале на непрописно место..

Следете не и на:

24AUTO NETWORK