Познат датумот на одржување на најголемиот регионален саем за автомобили следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Години наназад, саемот за автомобили во Белград е најголемиот регионален настан кога се во прашање претставувањата на автомобилите.

На овогодинешниот саем покрај бројните регионални премиери, на овој саем беа претставени и модели од производителите на Ferrari, Rolls-Royce, Tesla како и други спортски брендови.

Истите овие автомобили, но и многу други новитети од автомобилската индустрија ќе бидат прикажани на белградскиот саем во периодот од 19 до 25 март следната година.

Јавниот повик за изложувачи, производители и дистрибутери на автомобили и мотоцикли е веќе излезен, а целосната листа односно агенда се очекува да биде претставена на стартот на следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK