Повеќе од 700.000 сопственици на Tiguan и Touran мораат на сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen нема избор и ќе мора да повика во своите сервиси над 700.000 автомобили поради проблем со панорамскиот покрив, поточно со амбиентното осветлување.

Причината е што стаклениот таван пропушта влага, која создава краток спој со LED лентата, што може да предизвика оштетување на внатрешната страна на кровот. Далеку понепријатно е што во екстремни ситуации може да се стигне и до самозапалување на возилото.

Со овој проблем се засегнати над 700.000 возила Tiguan и Touran од последната генерација, кои се продадени низ целиот свет. Најмногу возила со таков дефект има во Европа и тоа во Германија.

Интересното е тоа што од компаниајта сè уште немаат најдено начин, на кој ќе се соочат со проблемот. Се смета дека таков ќе биде подготвен со скоро време.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK