Поради жените се зголеми просечната цена на автомобилот!

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот автомобил во САД достигна рекордна вредност, а просечната цена е како никогаш досега. Во октомври годинава просечната цена на ново возило во САД изнесувала 34.217 долари.

Претходниот рекорд кој е забележан во декември 2018 бил, 33.294 долари.

Цената на возилата постепено растела во претходните десет месеци, додека во целиот свет продажбата паѓа. Според агенциите J.D. Power и LMC Automotive на растењето на просечната цена најмногу влијаеле жените купувачи.

Во минатиот месец дури 72% од продажбата на нови автомибили била сочинета од СУВ и камионети кои во просек се поскапи од седаните. Продажбата на возилата чија вредност е под 30.000 долари има 46% од пазарот, што е пад од 7% додека продажбата на возилата поскапи од 30.000 долари порасна за 6%. Тоа во суштина значи дека купувачите на BMW возила повеќе земаат Х5 отколку Серија 5.