Поради слаб квалитет откажани нарачки за Tesla Model 3

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Tesla остана без мултимилионскиот договор со германската компанија Leipzig Nextmove кој го потпиша кон крајот на минатата година.

Германската компанија нарача 100 автомобили од моделот 3, но се одлучи овој договор да го раскине поради спорниот квалитет на возилата.

“Само едно од четирите возила беше исправно, а во некои случаи возилата не биле ниту сервисирани” соопшти Nextmove во нивното соопштение. Тие наведуваат дека на возилата пронашле бројни недостатоци како што е недостаток на боја, неправило поврзани кабли, гребаници и кондензација во фаровите.

Од друга страна сето ова го демантираше Tesla од каде наведуваат дека оваа одлука на компанијата не е поврзана во целост со квалитетот туку врз одлуката големо влијание имал и спорот од почетокот на оваа година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK